Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повеќе од половината работни места во печатените медиуми во САД се укинати од 2001 година, покажуваат официјалните податоци, при што голем дел од тие загуби е надоместен со вработувањата во интернет компаниите.
Статистиката на владиното биро за вработување покажува дека бројот на работните места во печатените медиуми во САД паднал од 412.000 во јануари 2001 година на 174.000 во септември 2016 година.
Во интернетското издаваштво и областа на медиумските портали бројот на работните места, пак, се зголемил од 67.000 во 2007 година, првата во којашто во американската влада располагале со ваквите показатели, на минатогодишните 206.000.
Податоците ги потврдуваат големите превирања во медиумската индустрија, каде што преминувањето на дигиталните медиуми наметна големо кратење на трошоците и бранови откази во печатените медиуми.
Истиот извештај покажува дека бројот на компании во сегментот на новинско издаваштво паднал за 18 отсто, од 9.310 во 2001 година на 7.623 во текот на минатата 2016 година. Бројот на портали кои се занимаваат со медиумско издаваштво и други активности на интернет, пак, скокнал од 2007 година за 150 проценти, на 13.924, покажува споменатиот владин извештај.
Податоците покажуваат и пад на бројот на работните места во областа на издавање списанија, книги, како и емитирањето на радио станици, додека нивото на вработеноста во телевизиската индустрија стагнирало од 2001 година.
Бројот на неделници и месечници, односно списанија, достигнал врв во 2008 година, кога ги имало 9.232, и од тогаш забележува постојан пад. Во 201 година ги имало 7.566 медиуми.