Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вчера, од страна на Основниот суд во Скопје, беше изречена пресуда со која од 19 години затвор, ја намали на 16 години казната за Бесир Бела и Скендер Демири, за убиството на Никола Саздовски-Саздо.
Преиначувањето на пресудата, како што пренесува МКД.мк, за нивниот медиум го потврдил законскиот застапник на семејството на оштетениот, адвокатот Ванчо Шехтански кој додава дека причина за намалување на казната од 3 години е тоа што, Судот сметал дека обвинетите биле млади лица и претходно изречената казна од 19 години била превисока.
За денес во 12 часот е закажано и рочиштето за третиот обвинет во овој предмет, Јетон Љужа кој беше во бегство, па фатен од полицијата. На утрешното рочиште Љужа треба пред судот да ја каже својата верзија за настанот.
Обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, првично беа осудени на затвор од по 19 години за убиство на свиреп начин. Настанот меѓу обвинетите и Никола Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда.
Малдиот Саздовски, беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите.