Од 15 април нов сезонски директен лет Истанбул-Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директната сезонска авионска линија Истанбул–Охрид-Истанбул ќе биде воведена од 15 април годинава, беше најавено на прес-конференција на истанбулскиот аеродром, ТАВ Аеродроми, авиокомпанијата Onur Air и туроператорот Tatilbudur.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, потенцира дека ова нема да бидат само туристички летови, туку и добра конекција меѓу двете земји од бизнис аспект, но исто така и за патувања со цел посети на роднини и пријатели.

Воспоставувњето сезонска авионска линија е резултат на преговорите што авиокомоанијата ги имаше со македонската Влада како обид за привлекување што поголем број гости на охридската ривиера. Авиокомпанијата Onur Air ќе лета на релација Истанбул-Охрид од 15 април до октомври еднаш неделно.

Резервацијата и продажбата на авиобилетите е достапна на веб – страниците: www.onurair.com и www.tatilbudur.com.