Од 1 септември градинките ќе работат во две смени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска соопшти дека градинките ќе се приспособат на потребите на децата и од 1 септември ќе работат во две смени.

Од 1-ви септември почнува двосменското работење во овие предшколски установи. Првата смена ќе биде од 7 до 14:30 часот, а втората од 14 часот попладне до 21:30 часот. Секоја прва сабота во месецот ќе биде работна, од 8 до 16 часот, најави ресорната министерка Мила Царовска.

Таа соопшти дека целта на ваквата одлука е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавните установи. Прва смена ќе бидат од 7 до 14:30 часот, втората од 14 до 21:30 часот, а ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.

Владината одлука за двосменско работење е донесена на 10-ти јули. Министерката Царовска тврди дека градинките имале доволно време да се организираат. Најави нови инвестиции во градинките, особено во руралните средини.

Царовска посочи оти и само едно дете да има потреба да оди во градинка во втора смена, тоа треба и да му биде овозможено.

Извор: МРТ