Од 1 јуни нема плаќање во кеш суми повисоки од 500 евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во согласност со новата законска регулатива, од 1 јуни оваа година, за физичките и правните лица во Македонија се забранува готовинско плаќање на суми повисоки од 500 евра во денарска противвредност, како една и серија очигледно поврзани трансакции. Оваа одредба е воведена во рамки на Законот за спречување на перење пари и финансиски тероризам.

За прекршување на овој закон следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра. Целта на овој закон е да се спречи сивата економија, а граѓаните да можат во кеш да купат само нешто ситно.

Наместо да користат кеш, жителите на Македонија ќе мора да користат платежна картичка или со уплатница да уплаќаат готовина во банка, штедилница или да плаќаат преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.