Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од 1 јануари уверението за државјанство ќе може да се издава и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса. Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање лична карта и пасош, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи.
Тој образложи дека усвоените законски измени за целосна дигитализација на процесите е со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи, а регулативата е хармонизирана со европското законодавство.
Предложени законски измени Собранието ги усвои во март годинава, а стапуваат на сила 1 јануари 2023 година.
„Отвораме можност Уверението за државјанство да се издаде и во форма на електронски документ на Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса, а истото може да се докаже и со податоци содржани во Националниот регистар на население. Согласно измените и дополнувањата на Закон за лична карта, Закон за патни исправи, Закон за лично име, Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, граѓаните може да поднесат барање и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги. Во постапки определени со закон, како што е прибавување доказ за објава во Службен весник за загубена лична карта, истиот го прибавува МВР по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност. МВР може да издаде решение за поништување на матичен број на граѓанин или странец како електронски документ“, појасни Спасовски.