Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На 1 јануари, 2019 година, со одлука од Владата на Албанија, нашиот западен сосед ќе ги затвори сите спортски обожувалнци. Оваа е одлука на Владата во Тирана која веќе го изготви и амандманот на Законот за игри на среќа со кој дефинитивно нема да има место за активности на спортските обложувалници.
Исто така ново е и тоа дека се затвораат сите локали за електронски игри на среќа кои сега се на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само тие во хотели кои имаат пет ѕвездички и се лоцирани надвор од градските средини.
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека „од почетокот на идната година нема да има ниту едно место каде ќе има активност на спортските обложувалници“ и притоа побара од медиумите во земјата да престанат со рекламите посветени на обложовалниците и електронските казина.
Албанскиот премиер рече дека во изминатите пет години во Албанија видно е зголемен бројот на игрите на среќа како резултат на политиката која вледеела кога Социјалистите на Рама беа во колиција на Движењето на Социјалистичка интеграција на актуелниот претседател на државата Илир Мета.
Извор: Либертас