Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со почеток од 1. април на сила стапува одлуката за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи, поточно за 13 отсто во однос на износот што го имале во трговијата на мало на 20 март годинава.
Владата вчера одлучи да се замрзнат цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни и хигиенските влошки, а утре или в недела ќе се знае кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени. Веќе се замрзнати цените на белиот и полубелиот леб, дел од млечните производи и тестенините. Од Владата најавуваат дека ќе носат такви одлуки се додека има потреба.
Одлуката за хигиенските производи е донесена врз основа на анализите што ги направи Секторот за трговија при Министерството за економија и се земени предвид увозните цени од Царинската управа. Ќе важи до 31 мај, но може и да се продолжи. Најдобро решение, според министерството за економија е да се усвои Законот за намалување на ДДВ. Со тоа,= ќе има системско и долгорочно решение во делот на основните прехранбени производи и хигиенските производи, велат од министерството.