Од 0 до 100 км/час за помалку од 4 секунди – Mercedes AMG A45 руши рекорди


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најновиот модел на Mercedes AMG A45 досега е изработен во сериско производство, а со над 400 коњски сили, со што припаѓа во компактната класа, а има карактеристики на болид.

Рачно составениот 2.0 мотор ќе испорачува 387 односно 421 коњски сили на двете верзии од моделот AMG A45, пренесуваат од автомобилскиот гигант Mercedes.

На оваа сила се додава и 4Matic погонот и осумстепениот менувач со двојна спојка. Во зависност од изведбата, одниосно јачината, потрошувачката на гориво се движи меѓу 8,1 и 8,4 литри бензин на 100км.

Она што го прави навистина посебен и уникатен е тоа што на Mercedes АМД А45 му се потребни само 3,9 секунди за да достигне од 0-100 км/час.

Максималната брзина на основниот модел е ограничена на 250км/час , додека Ѕ верзијата достигнува и до 270км/час. За дизајнот не треба многу да се зборува, зашто видеото покажува опасен изглед на спортски болид, кој се прави сериски.

Во внатрешноста има систем AMG TRACK PACE, вируелен тркачки инженер што постојано снима 80 специфични податоци за возилото .