Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Што има за лошото кога си опкружен од фотографи кои го ловат секој твој потег, секој твој поглед, како да бараат „влакно во јајцето“, па ќе те фатат во ваква ситуација.
Доналд Трамп, во средата, во Белата куќа ги прими луѓето од делегацијата кои го поддржуваат во текот на кампањата, меѓу кои беше и телевизиската проповедничка Пола Вајт.
Трамп посебно се ангажираше околу неа, дури ѝ помогна со столот кога таа се сместуваше на масата. Во тие моменти настана и скокотливата фотографија која веднаш стана инстант хит на социјалните мрежи и медиумите.Секако, ја смести веднаш до себе. Во текот на состанокот посебно ѝ се заблагодари за придонесот во неговата изборна кампања.
Пола Вајт има свое телевизиско шоу наречено Paula White Today, а е пасторка во христијанскиот центар „Нова Судбина“ на Флорида, каде работи со својот сопруг, исто така пастор. Таа е лична пасторка и духовна советничка на Доналд Трамп и ќе претседава со евангелистичкиот советодавен одор во неговата администраицја. На неговата инаугурација ја водеше молитвата и така стана првата жена која било кога ја водела молитвата за време на претседателската инаугурација во САД.