Очевидец дава изјава за убиството на фудбалерот Мартин!

мартин

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва во скопската населба Аеродром, поточно пред Ред Кафе со неколку истрели од огнено оружје беше застрелан поранешниот фудбалер Мартин Јанушев.

Соседот, односно таткото на другарот со кој требало заедно да излезат, потресно раскажува за случката.

-Јас сум карши во станот, го слушнав истрелот, го знам детето. Од него помирно дете нема, изјави очевидецот.

Тој кажа дека тие се школски другари и требало заедно да играат фудбал.

-Тука е начекано пред да излезе, се договараа преку телефон да излезе. Малиот мој за малку закасни, можел и он да биде убиен, изјави таткото на другарот.