Очекувано: Македонија падна 5 места на ФИФА ранг листата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од пет места на најновата ФИФА ранг листа.

Овој пад беше очекуван после двата порази на домашен терен од репрезентациите на Полска и Австрија.

Моментно Македонија се наоѓа на делба на 73-та позиција заедно со Кина, со освоени 1333 поени, што е најголем пад за нашата репрезентација во последната година.

На врвот на листата Белгија остана лидер пред Франција, Бразил и Англија, а Португалија се искачи на 5-то место.

Во топ десет уште се и Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Фото: ФФМ