Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Воениот трилер Man Down минатиот викенд имаше премиера во Велика Британија со заработувачка од седум фунти, бидејќи за проекцијата бил продаден само еден билет.
Режисер на филмот е Дито Монтиел, а Шиа Лебеф глуми маринец кој се враќа дома од Авганистан, каде увидува дека Америка е пост-апокалиптична пустина. Целта му е да ја пронајде својата жена (Кејт Мара) и синот (Чарли Шотвел). Во филмот уште играат и Џаи Кортни и Гери Олдман.
Филмот премиерно е прикажан на филмскиот фестивал во Венеција 2015 година.
И покрај катастрофалниот старт во Велика Британија, филмот во Америка заработи 454.000 долари.