„Очај на Јадранот“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Германскиот јавен телевизиски сервис ЗДФ емитуваше шестминутен прилог посветен на Хрватска и моменталната тамошна туристичка состојба насловен „Очај на Јадранот“.

Во него се истакнува дека во Хрватска едвај има туристи и дека за многумина кои работат во туристичкиот сектор тоа е голем финансиски удар, пренесува хрватски Индекс.

„Така изгледа кризата во Хрватска“, вели новинарката на ЗДФ додека на снимката има глета од сто јахти за изнајмување и чартер пловења, а кои стојат врзани за брегот. „Недостасуваат патниците“, се истакнува во прилогот.

ЗДФ разговарале со Ивак Ракуљиќ, капетан на една од тие јахти, кој вели дека веќе три месеци се обидува да смисли начин како неговата јахта повторно да биде профитабилна. „Тешко е“, вели тој и раскажува како секој ден му се јавува неговиот екипаж и му се жалат дека повеќе немаат од што да живеат па се надеваат дека јахтата набрзо ќе исплови со гости.

Во видеото има и глетки од, за ова време некарактеристично празните сплитски Рива и стар град, а во прилогот се истакнува дека оваа година во пристаништето не влегуваат крузери. „Масовниот туризам го нема. Тоа е катастрофа за целата земја“, наведува ЗДФ и додава дека во Сплит се чувствува атмосфера на очај.

Од друга страна, новинарите на германскиот јавен сервис нашле и некои германски туристи во Сплит, на кои им се допаѓа тоа што нема гужва и што е сѐ поевтино. „Сега насекаде е хепи аур“, вели едниот, додека другиот истакнува дека „му е жал за Хрватите бидејќи гледа дека ништо не заработуваат“.