OCCRP – „Бизнисменот со пиштолот ги плаќа Комити за протестите во Скопје“, Савидис – „Ќе тужам за клевета“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев јавно обвини „грчки бизнисмени“ приврзаници кои се наклонети и приврзани кон интересите на Русија за поттикнување на немири во Македонија со плаќање на протестите против договорот за името со Грција.

Документите од Министерството за внатрешни работи во кои увид имаа новинари на Истражувачката лабораторијата на Македонија, партнер на Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), откриваат најмалку еден извор преку кој се вршело плаќањето. На противниците на преименувањето, најмалку 300.000 евра им биле префрлени од Иван Савиди, руски милијардер кој живее во Грција и кој порано бил член на рускиот парламент, пренесува Нова ТВ.

Овие исплати биле вршени преку десетина македонски политичари од разни партии, членови на неодамна основаните радикални националистички организации и фудбалски навивачки хулигани на клубот Вардар кои учествуваа во неодамнешните немири.

Новинарите откриваат дека најмалку 300 000 евра им биле исплатени на македонските противници на новото име, од Иван Савиди милијардер роден во Грузија, кој сега живее во Грција, но го поминал поголемиот дел од својот живот во Русија и некогаш бил член на парламентот како пратеник на владејачката партија Обединета Русија.

Преку соопштение, групацијата компании на бизнисменот Савидис, ги демантира натписите во медиумите, отфрла секаква вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби против авторите и медиумите на објавениот текст во кој што се споменува неговото име, пренесува МИА.

Иван Савидис или Савиди стана актуелен во светската јавност откако во март во натпревар од грчкиот шампионат незадоволен од резултатот на својот тим ПАОК влета на теренот со пиштол и се упати кон судиите да ја земе правдата во свои раце. По ова, тој доби забрана за влегување на стадион во следните три години, а требаше да плати и 100.000 евра. На неговиот тим ПАОК му беше одземена титулата.