Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот Ѓорѓе Иванов нема да оствари средба со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји, кој во понеделник на 1 мај ќе ја посети Македонија, потврдуваат од неговиот кабинет за Радио Слободна Европа.
До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија беше упатено барање за средба со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, но со оглед на претходно утврдените обврски на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, нема можност за реализација на таква средба, велат од неговиот кабинет.
Хојт Ји е предвидено да одржи средби со политичките претставници во Македонија.