Обвинителството ги објави резултатите: Кашоги е убиен во тепачка во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Саудиска Арабија врз основа на прелимиранрните резултати од истрагата соопштија дека нивниот новинар и колумнист на Вашингтон пост, Џамал Кашоги умрел во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во тепачка со луѓе кои таму ги сретнал.

Официјално обвинителството на Саудиска Арабија соопшти дека новинарот е мртов.

Новинарот исчезна откако на 2 октомври влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе докуманти за планираната венчавка. Ројтерс пренесува дека саудиското обвинителство соопшти дека „смртта на Кашоги е последица на караница во конзулатот“ и дека се уапсени 18 лица кои се под истрага.

Саудискиот крал Салман со декрет го смени вториот човек на разузнавачката агенција како и еден свој советник.