Обвинителство со детали за убиството во кое беше избоден до смрт велешкиот полицаец


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска обвинителството излезе со нови информации во врска со убиството кое се случи вчера во Велес, а во кое беше убиен припадник на велешката полиција. Од обвинителството информираа дека е одреден 30 дневен притвор на 23-годишната велешанка која е осомничена за убиство на својот партнер.

Од Обвинителството споделија и детали за настанот, односно дека на 29 септември, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж со кого живеела во вонбрачна заедница.

-По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош која резултирала со смртна последица.

Имајќи ги предвид видот, тежината на кривичното дело и запретената казна, наоѓајќи дека осомничената може да се даде во бегство или да ги уништи и сокрие трагите од предметното кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор за обезбедување на нејзиното присуство во текот на постапката. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена, информираа од Обвинителството.