Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинителката Вилма Русковска денеска ќе го поднесе обвинението за фамозниот случај „Рекет“, политичко-бизнис афера која ја потресе македонската политичка и граѓанска јавност изминатиов период.
Случајот од вчера се прошири на уште четири лица, за перење пари, измама и помагање во измама.
Новоосомничени се потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, Кристина Карајованова и Бојан Јовановски кој е осомничен за нови кривични дела.
За Јасна Мандиќ е одреден домашен притвор, а за останатите се одредени мерки на претпазливост.