СЈО има 315 БОМБИ: Обвинетите Груевски, Јанакиески и Пешевски не сакале да ги слушаат!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Специјалната обвинителка Лиле Стефанова на рочиштето за „Траекторија“ рече дека обвинетите во секое време и во предистражната и во истражната постапка можеле да направат увид во доказите. Таа на денешното рочиште во кривичниот суд рече дека обвинетите, експремиерот Никола Груевски и поранешните министри Владимир Пешевски и Миле Јанакиески, не сакале да ги слушаат бомбите кога биле повикани во специјалното јавно обвинителство.

„Не можеме да ви ги дадеме бомбите поради опасност од размножување и вметнување. 315 бомби и ДВД со СМС-пораки ќе мора да ги слушате во судницата. Можеме само да ви ги дадеме транскриптите, но не и аудиоматеријалите“, рече обвинителката Лиле Стефанова.

Во судницата во кривичниот суд присутни се обвинетите експремиерот Никола Груевски, кој доцнеше на судењето 15 минути, и ексминистрите Владимир Пешевски и Миле Јанакиески. Главната расправа за овој предмет сè уште не е започната. Петчлениот судечки совет го одби барањето на адвокатот на Груевски денешната расправа да биде одложена поради тоа што немало услови за визуелно и тонско снимање поврзано со АКМИС-системот.

Освен Груевски, Пешевски и Јанакиески, во „Траекторија“ е обвинет и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 презеле повеќе дејства, со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според обвинението, му нанеле штета на државниот буџет најмалку 155 милиони евра.

В. М.