Обвинетиот Брајковски не се појави во судница за „Насилствата во Центар“: Фетаи побара од судијата присилно приведување на обвинетиот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Советникот на Гази Баба, Александар Брајковски денес не се појави на рочиштето за случајот Насилствата во Центар, каде е обвинет.

Советникот го извесил судот дека нема да присуствува, со образложение дека во истиот период има седница на советот во општината, каде тој мора да присуствува.

Неговиот адвокат, Боро Тасевски пред судијата го образложи неговото отсуство, со оглед на фактот дека бројот на политчки сили во општината зависи од 1 еден глас, така што неговото присуство на истата е неопходно.

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи пак, побара од судот веднаш да биде приведен, изнесувајќи став дека отсуството на Брајковски е неосновано, и побара од судот да ја измери важноста на судењето и седницата на советот во општината Гази Баба.

На судењето се појавија и обвинетите Никола Груевски и Даниела Рангелова, кои се актуелни пратеници, и во моментов расправаат втор ден во Собранието на пленарната седница која се однесува на Уставните измени.