Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
CNN одлучи да не го прикажува серијалот „Anthony Bourdain: Parts Unknown“ во кој учествуваше и актерката Азија Аргенто. Таа се појавува во две епизоди од серијалот, а во останатите е потпишана како режисерка. Одлуката беше донесена откако Аргенто беше обвинета за силување на малолетник.
„Поради неодамнешните сознанија за Азија Аргенто, CNN одлучи да прекине со емитување на серијалот во кој е вклучена и таа“, објавија од познатата телевизиска и продукциска куќа.
Аргенто, една од зачетничките на движењето #MeToo и една од првите актерки која го обвини Харви Вајнстин за силување, обвинета е дека го опијанила младиот актер Џими Бенет и сексуално го злоупотребила.
Според она што Бенет го раскажа, кога имал 17 години, Аргенто го честела шампањ пред да завршат заедно во кревет.
Во текот на годините таа му исплатила 380.000 долари во замена за неговиот молк за таа нивна секс авантура, а тој ѝ ги препушти и авторските права на фотографиите кои ги направил кога биле заедно во кревет. Според последните медиумски објави, парите на Бенет му ги исплатил токму Бордејн.
Иако заедно го обинија Вајнстин за сексуална злоупотреба, актерката Роуз МекГовен објави дека нејзината партнерка Рејн Дав е личноста која до медиумите ги проследила пораките во кои Аргенто признава дека спиела со тогаш 17-годишниот Бенет.
Аргенто о 1999 година го напиша сценариото и го режираше филмот „Scarlet Diva“ во кој има шокантна сцена од сексуален напад. Азија призна дека сцената е приказ на она што навистина се случило меѓу неа и Вајнстин две години претходно.
„Во филмот побегнав. Во реалноста не“, открива Аргенто.