Обратете ВНИМАНИЕ: Овие ЛАГИ најчесто си ги говориме себеси кога ќе се заљубиме


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Само за да не бидат сами, некои жени се уверуваат самите себеси дека чувствуваат хемија која всушност не постои.

1. Тој е океј, јас сум таа која премногу е пребирлива

Наместо да се уверувате во тоа, слушајте што ви говори инстиктот. Побарајте маж со кој навистина си одговарате и кој ќе постапува со вас како што сакате, па дури и ако сте навистина пребирливи. Кога мажот навистина ви одговара, нема да морате да се уверувате дека е добар плен, туку ќе бидете возбудени секогаш кога ќе се подготвувате да се најдете со него.

2. Тој е апсолутна спротивност на мојот бивши. На добар начин секако!

По разделбата со момчето кое на пример не беше вработено или непрестајно имаше лошо расположение, состаноците со зависник од работа или дечко кој има добро расположение секогаш можат да бидат вистинско освежување. Но, тоа не значи дека сте ја пронашле сродната душа. Врзувањето за дечко кој е потполна спротивност од вашиот бивши ве одвлекува од фокусот на цел пакет работи кои би биле потребни за да бидете среќни. Новиот дечко треба да процените дали навистина е добар за вас според неговите доблести, а не според туѓите.

3.Имаме толку заеднички работи, мора да ни е судено

Многу чудни парови имаат хемија, а многу совршени парови немаат воопшто. Она што е важно, тврдат експертите, е двонасочната привлечност, почитта и фактот дека ви е забавно кога сте заедно.

4. Станувам нервозна во негова близина бидејќи толку ми се допаѓа

Нервозата со среден интензитет е во ред, но паниката која не престанува ви сигнализира дека ви проработила совеста. Ако момчето ви одговара, во суштина во негова близина ќе се чувствувате опуштено. Обидете се затоа едноставно да бидете свои. Ако по неколку дена и натаму чувствувате напнатост, тоа е знак дека не сте еден за друг.

5. Сакаме различни работи, но обајцата сме подготвени за компромис

Ако обајцата навистина сте неподготвени за врзување, продолжете да се гледате, но овие зборови водат до првокласно порекнување. Гледањето со некој со кој не ви е добро е гаранција дека по разделбата нема да имате скршено срце. Па престанете да ја форсирате идејата за компромис ако трагате по подобро.