Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека Груевски нема мнозинство за влада. ВМРО ДПМНЕ и официјално ја изгуби можноста за формирање влада, изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на прес-конференција по вчерашниот неуспех да се формира нова влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
Демократските процеси се почнати и Македонија мора да оди напред. Очекувам Иванов да ми го додели мандатот за формирање на влада. Се друго е кршење на Уставот и на законите. Граѓаните избраа промени, рече Заев.
Нова влада што ќе ја одразува мнозинската волја на сите граѓани, влада што ќе обединува, а нема да дели. Потребна е одговорна влада, која ќе води реални политики и ќе не приближи кон ЕУ и НАТО. Ние сме подготвени за влада што ќе ги спроведе договореното во Пржино и препораките на Прибе и извештајот на ЕК. Таа влада ќе гарантира дека сите граѓани ќе имаат еднакви права и обврски. Новата влада ќе обезбеди општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви. Македонија е созреана за нови совесни и реални политики, нов начин на водење на државата во интерес на граѓаните, рече Заев.
На прашањето дали имаат обезбедено парламентарно мнозинство, Заев рече дека тоа е еден од следните чекори.
Убеден сум дека ќе формираме парламентарно мнозинство, изјави тој.