Обрадор избран за нов претседател на Мексико


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Левичарот Андрес Мануел Лопез Обрадор, според прелиминарните резултати од претседателските избори, е нов претседател на Мексико.

Изборната комисија соопшти дека Обрадор освоил помеѓу 53 и 53.8 отсто од гласовите.

Обрадор по прогласувањето на победата во кусото обраќање изјави дека ќе се залага за помирување, а во кампањата ветуваше дека ќе работи на трансформација на Мексико и дека ќе ја искорени мафијата од владејачките структури во земјата.

Тој рече дека сака да воспостави „автентична демократија“ и дека не намерува да воведе диктатура.

Досегашниот претседател Енрике Пења Нијето му ја честиташе победата на Обрадор и истакна дека неговата администрација ќе осигура мирна транзиција на власта.