Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Каналот НВО својата нова хит мини-серија „Чернобил“ кој веќе руши рекорди според многу параметри, но и добива огромни пофални критики за квалитетот, ја пушти веднаш после завршувањето со емитување на фамозната „Game of Thrones“. Според многумина, овој потег од страна на НВО беше одличен, затоа што ќе придонесе обожавателите на „престолите“ што побрзо да го заборават разочарувањето од финалето на серијата во последната епизода.
Мини-серијата „Чернобил“ се занимава со настаните во нуклеарната централа Чернобил во 1986 година, кога со експлозија на јадрото од нуклеарниот реактор беше предизвикана најголемата нуклеарна катастрофа досега во историјата на човештвото.
На IMDB сите имаат само пофални суперлативи за серијата и ја наградуваат со одлични оценки, а според многумина таа е подобра и од „Game of Thrones“.
Сепак обожавателите на новиот сериски хит веќе имаат големи замерки упатени до режисерот на „Чернобил“ поврзани со еден детал. Станува збор за акцентот со кој зборуваат ликовите.
Дејството на серијата е сместено во Украина, а сите ликови говорат со англиски акцент. Оваа забелешка засега е единствена од масовната публика упатена до актуелната мини-серија.
Очигледно на некои од обожавателите тоа многу им пречи, што дел од нив, како што пишуваат по социјалните мрежи, престанале да ја следат серијата заради тоа.
I can never watch that HBO series Chernobyl because everyone in Russia has a British accent on it???????
— ?♀️Beth?♀️ (@DanUgglaInUggs) May 30, 2019
„Престанав да ја гледам Чернобил. Не само што ликовите говорат англиски, туку не се потрудиле да имаат барем источноевропски акцент и изговор“, напиша еден гледаш кој смета дека серијата на англиски, особено со британски акцент, е целосно неубедлива.
Chernobyl is an amazing series, but isn’t it a bit weird that it’s based in the Ukraine and everyone has an English accent? ?
— ️P@ (@Pattriickkk) May 24, 2019
Авторот на серијата, Крег Мазин, објасни дека претходно одлучиле ликовите да немаат украински акцент во говорот. Мазин вели дека источноевропските акценти лесно можат да се претворат во комедија, што со оваа серија никако не смеело да се случи. Понатаму, тој смета дека друг акцент би бил вистински проблем за актерите, бидејќи непотребно би се фокусирале на изговорот, а не на глумата.