Обожавателите на Џејмс Бонд ќе почекаат дополнителни 7 месеци до премиерата – причина коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Премиерното проектирање во киносалите ширум светот на новото продолжение од филмската франшиза за тајниот агент 007, е пролонгирано за 7 месеци од првично закажаниот датум во април и ќе биде во ноември. Причина за ова одложување на премиерата е ширењето на коронавирусот кое го тресе светот.

Продуцентите изјавија дека го одложиле датумот на премиерата на филмот „No Time To Die“ од април во ноември по „внимателната проценка на глобалниот пазар на филмовите“.

Најавата се случи два дена откако основачите на двете фан-страници се јавија во филмското студио за да ја одложат премиерата.

Филмот ќе се појави на премиерата во Велика Британија на 12 ноември, а во САД на 25 ноември.

Најновиот филм од серијалот со Даниел Крег се очекуваше во кината на 3 април. Светската премиера беше закажана за 31 март во Ројал Алберт Хол во Лондон.

„Само едно лице, кое можеби нема симптоми, може да го зарази остатокот од публиката“, напишаа основачите на МИ6 во отвореното писмо. „Никој не сака таков вид публицитет“.

Претходниот филм за Бонд од 2015 година, заработи скоро 900 милиони долари.