Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Популарната актерка Меријем Узерли на Инстаграм објави неколку фотографии за руското издание на популарниот магазин Hello, на чија насловна страница се најде овој месец.
Нејзините обожаватели се разочарани од нејзиниот потег, особено затоа што нејзината најголема улога е улогата на личност родена во Украина – султанката Хурем.
View this post on Instagram
„Појавувањето во руски магазин сега не е нешто со што треба да се гордеете, напротив треба да се срамите“, „Додека цел свет ја поддржува Украина, вие правите реклами за Русија. Срам да ви е“, „Дали парите се повеќе важно од животот на децата?“, се дел од коментарите на Инстаграм.
View this post on Instagram
Многу актери се жалеа дека таа цело време молчи за ситуацијата во Украина, но некои веруваат дека нејзиниот молк кажува се` и дека „сега го покажа своето вистинско лице“.
„Зарем не би било правилно да ѝ ја покажете вистината на вашата публика – руски симпатизери чии мозоци главно се испрани од пропаганда? Ме растажува затоа што мајка на две деца молчи додека Русите ги гранатираат породилиштата во Мариупол“, додаде еден следбеник. .
Инаку, актерката последниве години се посвети на мајчинството и се уште се занимава со актерство.