Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од вакви потези и акции човек да го заболи глава колку е во бестрага отидено општеството. Да, добро прочитавте, очигледно во светот има толку „загрозени“ луѓе по Кајли Џенер, што решиле да одвојат пари од својот и тоа како избројан кеш за да помогнат разгалената старлета што побрзо да го достигне статусот милијардерка.
Откако Forbes објави информација дека Кајли Џенер наскоро ќе стане најмладата милијардерка на светот која своето богатство го стекнала самостојно, а дека досега има заработено 900 милиони долари, се активираа нејзините најверни обожаватели со цел Кајли што побрзо да го достигне споменатиот финансиски статус.
Кајли своите 900 милиони долари ги заработи најмногу благодарение насвојата линија козметички производи која ја иницираше пред две години. Нејзините обожаватели одлучија да иницираат „crowdfunding“ кампања со цел богатството на Кајли што побрзо да надмине милијарда долари.
„Мораме да собереме 100 милиони и да ги дадеме на Кајли, многу е важно тоа“, стои во објавата од нејзините обожаватели (за која се надеваме дека е зафрканција, ама очигледно не е бидејќи ->) кои донираат во просек по пет долари, а медиумите наведуваат дека еден обожавател уплатил 1.000 долари со цел да „помогне“ американската ТВ ѕвезда што побрзо да стане милијардерка.