Облогот го платил со живот: Индиец почина откако изеде 41 јајце заради кладба


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Облог меѓу двајца пријатели од индискиот град Јуанпур завршил фатално по животот за еден од нив.

42-годишниот Субаш Јадав со својот пријател тргнал на пазар, за кратко време тие започнале вербална расправија. Расправијата завршила со кладба помеѓу двајцата пријатели.

„Облогот бил оној кој од нив двајца ќе изеде 50 јајца ќе добие 2000 рупија (околу 25 евра)“, пренесува „Inquirer”.

Субаш го прифатил облогот и успеал да изеде 41 јајце. Но кога во устата го ставил 42 јајце паднал во несвест.

42- годишниот маж итно бил пренесен во Институтот за медицински науки Санјај Ганди но напорите на лекарите биле залудни. Субаш Јадав неколку часа подоцна починал.