Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секако, се работи за 37 годишната Ким Кардашијан кој од ништо направи многу, а сега се појави и на една од ретките насловни страни на кој се уште не била, а се работи за американското „Еlle“.
„Моја прва насловна“ се пофали Ким со слика на Инстаграм на која може да ги видеме облините по кој е широко позната. Иако тоа никогаш не го признала, може да заклучиме дека за тоа се заслужни пластичните хирурзи.
Списанието на своите читатели им понуди персонализирана насловна страна со порака која им ја праќа Ким, а на сите фотографии таа изгледа доста убаво.
Почна да раскажува и за четвртото дете и откри дека тоа е нејзиниот максимум. „Мислам дека нема да можам да поднесам повеќе од четири. Мојот распоред е пренатрупан, а сметам дека секоја жена треба да даде големо внимание на своето дете“ искрено признава.