Облечени како Дедо Мраз пијани лудувале со оклопно возило (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Полицијата била принудена да ослободи оклопен транспортер полн со лица кои биле облечени како Дедо Мраз, откако се заглавил во близина на Хејл во Корнвол, објави Би-Би-Си.

Според извештаите, полицијата во Девон и Корнвол добиле повик околу 19.40 часот во четвртокот дека возилото во кое се наоѓале Дедо Мразовци било оштетено и дека има сообраќаен колапс.

Рибарот Иан Џепсон, кој го снимил видеото со Дедо Мразовците, вели дека улицата била блокирана околу два часа поради заглавениот транспортер и дека биле прилично смешни обидувајќи се да се ослободат.

Се претпоставува дека Дедо Мразовците биле на пијачка во паб, јавува Би-би-си, а очевидци велат дека биле прилично пијани.