Облечен како Исус, со крст на рамо, пешачи од Варшава до Киев


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На социјалните мрежите и светските медиуми актуелна е приказна за Американецот Џими (33), кој наводно пристигнува од Вирџинија, и патува „облечен како Исус Христос“ и носи голем дрвен крст на рамо.

Вниманието на медиумите го привлече додека престојуваше во Варшава (Полска), од каде пеш се упати кон главниот град на Украина.

Американецот нема проблем да застане, да разговара со мештаните и да направи неколку селфи, а на медиумите им нагласува дека „нема цел“, пренесува Oddity Central.

Откако ја напушти Полска, се упати кон Киев со надеж дека ќе стигне до градот, но тоа го остава во „Божји раце“.

„Не се обидувам да докажам ништо. Би сакал да станам подобра личност и мислам дека ова е најдобриот начин да се случи тоа. Во исто време го почитувам Господ“, изјави Џими.

Момчето наводно патувало еден месец и одбива да биде пренесен во Киев. Тој е среќен што ќе застане да разговара со оние кои сакаат да го запознаат.