Облаци, ветар и дожд – петочна временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој петок, 20 септември, времето во Македонија претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе имаме посвежи и ветровити услови со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, во текот на денот сончево и ветровито со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 21 степен. Во Маврово 15, Охрид 19, Битола 20, Крива Паланка и Берово 18, Кавадарци 23, Дојран 25.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нула степени. Во вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.