Облачно, па сонце и цел ден ветровито


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претпладне променливо облачно, на крајниот запад се уште со услови за слаб снег, во текот на денот сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од минус 1 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 6 до 17 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 15 степени.

До сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Поварадрието. Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела утринските температури на места ќе се спуштат под нулата. Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст.