Облачно и студено време во вторник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Oстанува облачното време низ земјава и во вторник. Разликата во однос на понеделник е што од оваа облачност се очекуваат позачестени, но сепак слаби врнежи, претежно во западниот крај од земјава.

Овие врнежи ќе бидат позастапени околу пладне и попладне, а локално во споменатиот регион и навечер. Врнежите на пониските места ќе бидат од дожд, но со можност приквечер да преминуваат во мешавина од дожд и снег. На планините во западниот крај врнежите ќе бидат само од снег.

Ќе дува умерен северозападен ветер. Утрото ќе биде потопло во однос на претходните. Минималната температура ќе има вредности помеѓу минус 2 степени и 4 степени Целзиусови. Tемпературата ќе има максималната вредност помеѓу 5 степени и 9 степени низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 12 Целзиусови.

Навечер ќе има тренд на нагол пад на температурата, проследен со засилување на северниот ветер.

Скопскиот регион очекува претежно облачно време и максимална температура околу 7 степени Целзиусови. Наутро минималната температура ќе има вредност околу 1 степен.  Очекуваме повремени, но прилично слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а навечер повремено и засилен северен ветер.