Home Актуелно Облачна среда со повремени врнежи од дожд

Облачна среда со повремени врнежи од дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови.

Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Околу пладне и попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната ќе достигне 7 степени.

Утре ќе настапи стабилизација на времето, но се уште ќе дува засилен северозападен ветер, особено претпладне и вдолж Повардарието, па преку денот ќе се задржи постудено. Потоа до недела ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…