Облачна среда со јужен ветер, сообраќајот се одвива по влажни патишта


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Наутро со појава на врнежи од снег во западните и северните делови, преку денот променливо облачно со слаб јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 0 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 0 до 9 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -2 и дневна до 4 степени.

Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.

Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено.

Сообраќајот на сите патни правци во државата се одвива без забрани по влажни коловози. Слаб снег врне во Кочани,Делчево,Берово,Крива Паланка,Страцин, Кичево и Прилеп и на планиските премини Маврово, Стража, Железнец, Пресека и Буково кој не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.