Облачна среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Македонија денеска ќе имаме променливо облачно време, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Утринските температури во цела Македонија се над нулата. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови.

Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Температурата ќе се искачи до 13 степени.

Во Македонија максималните температури ќе се движат од 10 степени на северозападот, до 17 степени на југоистокот на земјава.