Home Актуелно Облачна и повремено дождлива среда

Облачна и повремено дождлива среда

Последната јануарска среда за 2020 година носи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои повисоки места.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура ќе се движи од пет до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 10 степени.

Во Маврово дневната температура ќе достигне до 5 степени, Битола и Кавадарци 12, Охрид 10, Крива Паланка 8, Берово 9, Дојран 15.

Утре претпладне сеуште ќе има повремени врнежи кои на некои повисоки места ќе преминат во снег. Потоа следува период на стабилно и потопло време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…