Облачна февруарска среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот 16-ти февруарски ден во Македонија носи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а на повисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени. Маврово 3, Охрид 9, Битола 11, Крива Паланка 10, Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 14.

Од утре времето ќе биде стабилно и суво со повисоки дневни температури, особено во сабота. Во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.