Облачен вторник со повремени локални врнежи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој на моменти ќе се засилува.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 9 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 8 до 18 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 6 и дневна до 16 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Од четврток ќе почне да дува умерен, повремено засилен северен ветер, поизразен вдолж Поварадрието.