Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претпоследниот августовски ден во Македонија носи променливо облачно време, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 25 до 32 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 29 степени.
До утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а в четврток и в петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.