Облачен и врнежлив вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Под влијание на влажен бран денеска во повеќе делови од Македонија ќе има врнежи, кои по должината на Повардарјето ќе бидат од дожд, во другите делови од дожд и снег, а на планините од снег, информира УХРМ.

Пообилни врнежи од дожд ќе има во западните и југоисточните подрачја, каде што ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од -1 до 9 Целзиусови степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 0 до 6 степени.

Утре и задутре во западните и јужните делови ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.