Home Актуелно Облачен петок со дожд и снег

Облачен петок со дожд и снег

20-от јануарски ден во Македонија носи променливо облачно време со врнежи од дожд, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

Од управата велат дека врнежите пообилни ќе бидат во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер. Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет, пообилни во понеделник. Снежната покривка, особено во западните делови ќе се зголемува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…