Облачен и врнежлив четврток


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, четврток, 15. јуни, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и појава на град и дневна температура од 24 Целзиусови степени. Маврово 16, Охрид, Битола и Крива Паланка 23, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 27.

И утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.