Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последниот ден од месец ноември времето во Македонија ќе биде значително облачно во северните и источните делови со повремени слаби врнежи на пониските места од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините од снег.
На места се можни и краткотрајни врнежи од замрзнат дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер со брзина над 60 км/час. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје , Крива Паланка и Берово 4 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид, Битола и Кавадрци 6, Дојран 10.
Прогнозата за утре е претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 4 во Скопје и Маврово, Охрид 7, Битола, Крива Паланка и Берово 5 до 9 степени во Дојран.