Облачен и студен четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Умерено, во северните делови повремено значително облачно со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а во југоисточните делови повремено засилен северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -9 до -3 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 1 до 11 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -6 степени и дневна до три степена.

Од петок до недела времето ќе биде претежно сончево и студено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат и под -10 степени. Од понеделник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.