Облачен и постуден четврток


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, четврток, 21 март, времето кај нас ќе биде со зголемена облачност и ќе дува умерен североисточен ветер, па дневната температура дополнително ќе се намали за 2 до 3 степени. Во крајните јужни делови и утре ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 17, Маврово 10, Битола 15, Охрид 13, Кавадарци 17, Крива Паланка 13, Берово 11, Дојран 17 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во јужните делови претпладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 16 степени, Маврово 11, Охрид 13, Битола и Кавадарци 16, Крива Паланка 14, Берово 12, Дојран 17.