Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Времето во Македонија и денеска ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни локално (над 20 л/м2 наврнат воден талог), проследени со силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. УВ индексот ќе биде 5.
Во Скопје, времето исто така ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од скопската котлина ќе има услови процесите да бидат во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.
И во сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
И во Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.
Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.